„Брејк а лег“, светските вицешампиони во хип хоп, гости во новиот спот на Спејко и Тајзи

0

Победникот на реалното шоу „Големиот брат“, Дарко Спејко, најавува нова песна со Тајзи и соработка со Брејк а лег, светските вицешампиони во хип хоп!

Кој е тимот што стои зад новата песна „Вози“?

„Битот е на познатиот хитмејкер Цоби (Слободан Вељковиќ), песната е во продукција на „Балкатон“ во која е и една од најдобрите на Балканот, мастерингот е на Вања, текстот е на Тајзи. Песната ќе има и македонска верзија на која работи маестро Лазар Цветкоски. Видео записот го снимаше „Сторителер“ продукција, во режија на Владимир Дади Ивановски. Нема да откривам многу детали околу спотот, иако мора да кажам дека во него се појавуваат многу интересни ликови, но главна атракција се членовите на Брејк а лег кои освоија второ место на Светското првенство во хип хоп во Грац. Промоцијата на спотот ќе се случи пред крајот на месецот.“

Првата заедничка песна со Тајзи, „Палимо“, беше голем летен хип. Дали е песната поголем хит во Македонија или во Србија?

„Реалното шоу „Големиот брат“ ми донесе голема популарност на целиот Балкан. Во сите земји гледаноста е на нееднакви нивоа, па ако би имало мерило за популарност, во секоја земја би било различно. „Палимо“ супер се проби и на македонскиот и на странскиот пазар, а неодамна видов клипче на социјалните мрежи каде родители од Словенија снимиле бебе кое игра на песната, па ме изненади фактот што песната е и таму хит.“

14875253_1077643992348644_1432189286_n

Продолжува ли соработката со Балкатон? Размислувате ли за албум?

„Чест ни е што сме дел од можеби најјаката продукција на Балканот моментално, функционираме одлично бидејќи сме и добри пријатели. Нормално, соработката ќе продолжи и ќе има многу новини за кои ќе бидете навремено информирани.“

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар