БРЕЈК А ЛЕГ – Светски Вицешампиони во ХипХоп

0

Огромен успех на танцовиот клуб Брејк а Лег на Светското Првенство во ХипХоп кое се одржа во Грац, Австрија каде учество земаа  над 3600 танчери од 30 земји.

Во конкуренција на 55 репрезентации нашите танчери го освоија одличното второ место во категоријата Хипхоп групи што е најголем успех во историјата на Македонскиот танц.

14801237_10154564608558286_695067323_n

Уште едно финале и 5то место во Светот избори и детската репрезентација, за нас второ последователно финале во исклучително силна конкуренција каде пласман во финале не упеаа да обезбедат тогаш актуелните светски шампиони, со што го потврдивме светскиот квалитет- изјави Андријана Петковски, главен тренер и кореограф во Брејк а Лег.

Во склоп на Светското првенство се одржаа и универзитетски игри во танц, каде Антевска Деана се закити со златен медал во категрија соло жени, додека сребрен медал во соло мажи освои Бенџамин Џафери кој е и автор на вицешампионската кореографија.

14797554_10154564618513286_1224632411_n

Од останатите позначајни резултати ги издвојуваме : 9то место на Брејк а Лег Мамас , 10то место за Благоја Тодоровски (соло electric boogie)  и 15то место за сениорскиот тим од вкупно 35 сениорски репрезенации учеснички.

 

14794055_10154564614723286_1091828511_n

14798886_10154564612363286_1064704316_n

14805406_10154564614693286_781856387_n

Остави коментар