„Бреинобреин“ генијалците уште еднаш го покажаа својот талент

0

 Над 600 талентирани деца од девет македонски градови се натпреваруваа во 38 категории на четвртиот „Национален Абакус натпревар“ кој се одржа вчера во салата „Јане Сандански“ во Скопје, во организација на академијата за деца „Бреинобреин Европа“.

На децата-учесници им се обрати познатиот ракометар на „Вардар“ Столе Стоилов, кој како успешен спортист се потруди да ги мотивира натпреварувачите.
Столе Стоилов на натпреварот 2
„Талентот сам по себе е ништо доколку не го развиваме и работиме вредно на нашите способности. Добиените трофеи и награди не се единствен показател дека нешто сме направиле добро како што и неосвоените награди не значат дека треба да се откажеме туку да работиме уште поупорно и повредно. Секој од нас во себе има посебна дарба и талент а „Бреинобреин“ центрите пoстојат за да ви помогнат да ги откриете“, рече Стоилов.

BOB 1
Децата на возраст од 4 до 14 години се натпреваруваа во триминутно решавање на „Бреинобреин“ тестовите, со што се мери нивната точност, брзина, фокусираност, концентрација, визуелизација и фотографска меморија.
„Бреинобреин учениците учат како да учат и како да го користат своето знаење. Поттикнувајќи ја својата самодоверба со континуираните вежби и задачи стануваат посвесни за сопствените богатства и истите да ги насочуваат кон своите цели. Побрзо совладување на училишните предмети, брзо и трајно меморирање како и креативен начин на изразување се само едни од придобивките од програмата “, вели Марија Милошеска од „Бреинобреин“ центарот.

BOB 3

Во Македонија „Бреинобреин“ има 17 франшизни центри (Скопје, Охрид, Битола, Куманово, Кочани, Струмица, Крива Паланка, Велес, Гостивар), достапни за сите деца кои сакаат да ги развиваат својот талент и способностите.

BOB 4

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот