Божур – симбол на мирот, стабилноста и здравјето

0

Опојниот и сладок мирис на големите и раскошни ливчиња, го прави божурот едно од најомилените цвеќиња кои го красат домот.

Без разлика дали се свежи набрани или пак ги има во домот како принтови на чинии и постелина, нивниот изглед е секогаш посакуван во ентериерот.

Инаку, божурите цветаат во мај и јуни, е штом ги наберете, можат да траат и до 5 дена во вазната. Колку почесто имаат свежа вода, толку подолго ќе траат.

Ако ги купувате, во тој случај гледајте да бидат во пупка. Штом ги ставите во вазна, додајте им средство за одржување на свежина, ставете малку млака вода, а после еден до два часа, преместете ги на постудено место.

Овие цвеќиња се симбол на женственоста и нежноста, без разлика на бојата која ќе ја одберете, а ги има во 4 нијанси: нежно розови, бели, жолти и во боја на вино.

Марко Поло во една прилика ги опишал како рози кои наликуваат на зелка, што е прилично точен опис, со оглед на тоа дека ливчињата кога ќе се отворат изгледаат прекрасно, иако потсетуваат на тој зеленчук.

Инаку, божурите потекнуваат од Азија, од каде во текоот на годините се донесени на европско и американско тло, заедно со камелијата, шипката, хризантемата, азалијата и магнолијата. Заради својата раскошност и импозантна големина на цветот, можеме да уживаме во нивниот изглед, како и во мирисот кој го испуштаат.

Кинезите со векови го опишувале божурот преку уметноста како симбол на мирот, стабилноста и здравјето, а од 7.век е познат и како носител на добра среќа. Сликите со божур најчесто се подаруваат за да го надополнат ентериерот како амајлија за среќа во домот.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.