Божја куќа (Кула): Потполно раскрстување со минатото

0

Картата 16 прикажува две човечки фигури кои се грубо исфрлени од една кула погодена од молња. Тие се преплашени, но не се повредени. Не е уништена ниту кулата, но остриот јазик на молњата ѝ ја скршил круната. Двајцата кои ја изградиле самите ја крунисале покажувајќи дека не признаваат авторитет над својата креација. На градбата нема врата низ која домаќините би можеле да влегуваат и да излегуваат по сопствена волја. Најверојатно тие живееле еден вид изолиран заточенички живот. Во таков случај боговите мора да најдат начин да влезат, ако е потребно дури и со сила. Гледано во тој контекст, двете фигури се ослободени од самонаметнатиот притвор. Тие се спасени од психолошко уништување.

Ние се спротивставуваме на промените, но да се биде погоден од молња, според некои автори, симболички значи – да те допре Божјата рака. Во митологијата, Ескулап, кого го убила молњата на Зевс, подоцна станал бог на медицината. Овие две фигури, ќе речат дека нивниот свет е уништен, но судбината наскоро ќе ја покаже другата страна. Но, тие во моментов се премногу окупирани со моменталната состојба и воопшто не обраќаат внимание на молњата. Дури и кога ќе паднат на земјата тие ќе поминат уште долго време во шок, лижејќи си ги раните. Може да поминат и години додека да утврдат дека она што моментално го доживуваат како шок е всушност нивно ослободување.

 

Порака: Потполно раскрстување со минатото. Чекорете внимателно бидејќи овој период сте наклонети кон повреди. Очекувајте го неочекуваното и бидете сигурни дека на крајот промените ќе бидат во ваша корист.

 

Подготови: Др. Тарот

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.