Божиќниот остров – мал рај на земјата скриен во Индискиот океан

0

Под влијание на тропската клима на Индискиот океан, каде преовладува пријатна температура во текот на целата година, се движи од 25 до 27 степени, го прави Божиќниот остров многу привлечен, не само за туристите, туку како место за живот.

Оваа прекрасна дестинација се наоѓа југозападно од островот Јава. Името го добила благодарение на капетанот Вилијам Мајнорс кој го пронашол за Божиќ 1863 година.

Се простира на површина од 135 километри квадратни, а официјално припаѓа на територијата на Австралија. Опкружен е со корални гребени, ана туристите им го одзема здивот од убавина, посебно кога водите се немирни.

15050296_10211732508616057_1567471078_n

Летувалишта за туристи биле отворени во 1994 година, но биле затворени 4 години подоцна заради недоволен интерес, иако местото блика со природна убавина.

Преубави плажи, со топол, бел и ситен песок кои даваат чувство како да сте во рајот. Водата е кристално чиста, а разгранетите палми богати со кокоси создаваат природна ладовина.

15086231_10211732508696059_580562829_n

Иако е привлечно за живот, сепак популацијата изнесува 1400 жители. Официјален јазик е англискиот, а живеат различни култури – има Кинези, Малезијци, Европејци кои се занимаваат со ископување на фосфат и варовник.

15033720_10211732508536055_1867424725_n

Најголем дел од островот е Национален парк каде има многу различни форми на животни и растенија, а најинтересен за туристите е џиновскиот гуштер геко.

14971289_10211732508576056_1690858333_n

Симбол на Паркот на Божиќниот остров се црвените ракови кои ги има буквално секаде.

15058581_10211732508456053_965277967_n

Туристите го опишуваат како мал рај на земјата, скриен во Индискиот океан.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.