Бордо е најкул град за 2017 година

0

Сакате да патувате? Имате бројни дестинации на листата, а не знаете од која да почнете?

Ви го препорачуваме Бордо во Франција, градот што е избран за најкул дестинација за следната година. Па, што го прави Бордо толку посебен?

quinconces-vus-du-grand-hotel_format_780x490

Го нарекуваат „Рај за љубителите на вино“, бидејќи во овој дел на Франција се произведува најубавото вино во светот. Ако не ни верувате, ќе мора да отидете и да го пробате.

Тука се одржува еден од најголемите вински спектакли во светот, познат под името Vinexpo. Тука се наоѓаат и некои од најпознатите винарии во светот, Chateau Lafite Rothschild, Chateau Latour и Chateau Mouton-Rotschild.

Во овој град се наоѓа и Cite du Vin, музејот на виното каде што посетителите можат да уживаат во едни од најубавите кулинарски специјалитети во регионот.

Но, посебно уживање е испивањето кафе во некое од кафулињата покрај реката Гарон.

quais-rive-gauche-2_format_780x490

Бордо, кој се наоѓа во близина на Париз, може да се пофали и со голем број историски градби кои ги воодушевуваат туристите.

А нив, од година во година ги има сè повеќе. И со секој ден поминат таму откриваат по нешто во градот, заради што знаат да се пошегуваат дека се обидуваат да ја разбудат „заспаната убавица“.

bordeaux

 

Инаку, на листата најкул градови се наоѓа и Охрид, и тоа на петтото место. Кул!

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот