Борбата на Џим Кери со депресијата и нејзино надминување

0

Џим Кери е еден од ретките јавни личности кои отворено зборувал за својата психичка состојба. Тој со години се борел со депресија, а зборувајќи јавно за тоа, помага во надминување на оваа состојба и на останатите милиони луѓе во светот кои страдаат од неа.

Депресијата е состојба кој може да му се случи секому, без разлика на социоекономскиот статус, интелигенцијата, талентот… Не бира по никакви стандарди. Во раните години од кариерата на актерот, никој не можел да претпостави со што се бори секојдневно. Дури во 2009-тата тој прозборе пред светот за ова.

Во очите на публиката тој е комичар кој има совршен живот и многу причини да се смее. Меѓутоа штом се изгаснат рефлекторите, настапува соочувањто со себе и состојбата во која се наоѓа.

Кери со години живеел криејќи ја својата состојба од светот. Со години земал таблети Прозак кои му помагале да се чувствува подобро за да може ја одржи „маската“ на среќен човек, не само пред светот, туку пред неговото семејство.

За него, медикаментите се чини дека не му помогнале премногу пред себе, туку само во неговиот одраз во очите на другите луѓе.

„Очајот е на ниско ниво кога сте во таа состојба. Не добивате одговори, туку само живеете живот каде што преку ден сè е ок, се смешкате на луѓето…Но, тоа е дефинитивно очајна состојба“ – изјавил актерот.

Како ја надминал депресијата?

Актерот се одлучил да елиминира сè што му штети во животот, како таблети, алкохол, па дури и кафето како дневна рутина. Наместо тоа, Кери решил да се сврти кон духовноста за да си помогне себеси во борбата со депресијата. Тоа му помогнало да се промени како личност, да ги надмине стравовите и да се спознае себеси. Променувајќи ја перцепцијата кон животот и поставувајќи нови цели се дел од промените кои ги вовел.

Процес кој воопшто не е едноставен, бидејќи секој ден е борба за надминување на депресијата. Тој им покажа на луѓето дека само заради тоа што една личност е успешна и изгледа среќна, не значи дека е навистина така. Со самиот факт што тој прозборе пред јавноста за себе, докажа уште еднаш дека е брилијантен актер кој го заслужува секој ептитет што ќе му се припише. Депресијата е реална состојба која мора да се третира и мора да се обрне внимание – во спротивно последиците можат да бидат катастрофални.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот