Бољшој театар – храм на руската и светската култура

0

Во самиот центар на Москва, на прекрасен плоштад, се наоѓа главниот храм на руската култура – Бољшој театар. Тој е еден од најзначајните опера и балет во светот, на исто рамниште со „Ла Скала“ во Италија и „Ковент Гарден“ во Англија.

Невозможно е со зборови да се опише значењето на Бољшој, може само со запрен здив да се насладувате на неговото бесмртно творештво кое претставува бисер на руската архитектура.

15682977_10212140030803857_729442877_n

Историјата на Бољшој театарот, колку и да е величенствена, исто толку е и заплеткана. На пример, тој има два датума на раѓање – март 1776 година и јануари 1825 година. Имено, во 1776 губернискиот прокурор, кнезот Петр Урусов добил дозвола од императорката Екатерина II да одржува театрски претстави, концерти, маскаради. Тој изградил театар наречен Петровски, според плоштадот на којшто се наоѓал. На тоа место, поточно на Бољшаја петровска улица, веќе постоел театар, прв во Москва, но, тој изгорел. Новата зграда со текот на времето ја изгубила географската одредница Петровски и останала во историјата само како Бољшој театар.

По 25 години и ова здание настрадало во пожар, па во периодот 1821-1824 година била изградена денешната монументална зграда во класичен стил, внатре декорирана во црвено-златни тонови. И конечно, новиот Бољшој бил отворен во јануари 1825 година.

avatar

И ден денес тој се смета за еден од најдобрите светски театри со великопелна акустика. Но, можноста да работат во него им припаѓа само на избраните и за да се влезе во Бољшој не е доволна само среќа. Пејачот мора многу да работи на својот глас, танчерот на своето тело – тоа е многугодишен, секојдневен труд. Заветната желба им се остварува само на најиздржливите, најдисциплинираните и најталентираните. Техниката на пеење и танцување е важна, но, без актерска дарба, ѕвезда не може да се стане.

15644530_10212140030923860_915495016_n

Бољшој е еден огромен организам, со 2.500 вработени, чиј секојдневен труд гледачите не го гледаат или, пак, воопшто не се свесни за него. Посетителите на театарот се делат на две групи – вработени и гледачи. Гледачот ја гледа убавината на изведениот спектакл, а вработените за тоа време мораат да се грижат претставата да тече во најдобар ред.

Тоа што се случува зад кулисите на Бољшој, не е ништо помалку интересно од она што произлегува на сцената.

Големиот Станиславски рекол: „Театарот почнува од закачалката“ и тоа се однесува не само за гардеробите на влезот, туку и на декорациите, на костумите и во целиот инвентар во објектот.

15659051_10212140031043863_1823338814_o

Но, она што се случува во костимографските соби и во гримјорните е многу доверлив процес. Костимите и шминката не смеат да излезат во јавност пред премиерата, ниту да се фотографираат внатре без дозвола од театарот. Новинарот кој ќе го прекрши ова правило може да биде кривично гонет за нарушување на авторските права.

Во поранешниот СССР, имало случаи кога некои актери можеле да побараат замена на позадината, или бојата на нивниот костим, но сега тоа е невозможно. Костимографот одговара за сè. Обично ѕвездите на Бољшој имаат свои лични костимографи, кои работат секогаш во пар. Тие мораат да ги пренесат уметниците во ликовите што ги толкуваат за миг, пресоблекувањето мора да се изврши некогаш и за една минута, и нема време за срамење дали некој актер бил гол или кој се го видел од екипата. На крајот на краиштата, сите се едно семејство.

nutcracker-3

Вработените велат дека во Бољшој не можеш да заработиш многу пари, а мора да работиш многу – па затоа во театарот остануваат оние луѓе кои го сакаат со сета душа и срце.

Низ ходиницте на Бољшој постојано има многугласие – солистите пејат насекаде, кога и каде ќе им се посака.

bolshoi-theatre-original-33109

Необично за колективот на театарот е што таму никогаш никој не бил отпуштен, сите се со договори и ако некој згреши, едноставно не му го продолжуваат договорот.

Однесувањето зад сцената е исто така строго како и на сцената. Ниту еден уметник, дури и ѕвезда, не си дозволува доцнење, ароганција, понижување на другите… за Бољшој да биде тоа што е денес, синоним за уметност, мора да се уважува трудот на сите кои заедно со актерите и режисерите го создаваат спектаклот.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот