Бојата на вашите очи ја одредува сенката

0

За да се нашминкате правилно големо влијание има изборот на сенката комбинирана со бојата на вашите очи – тие мора да одговараат.

Која сенка да ја одберете?

Сенка за сини очи – сината боја на очите најмногу ќе ја нагласите со нијансите на бледо златна боја, сиви и кафеави тонови, со топли бронзени и виолетови тонови. Избегнувајте розови нијанси бидејќи така очите ќе ви изгледаат поцрвени.

Сенка за зелени очи – на зелените очи совршено им одговараат жолтите нијанси, но и темно зелените и сиви нијанси. Ако сакате да ја нагласите убавината на очите, јаката виолетова е совршена за вас.

Сенка за кафеави очи – она што е најубаво кај кафеавите очи е што можете да ги користите сите бои на сенки, но на врвот на пописот дефинитивно треба да се најдат нијансите на кафеава и кремаста. Интензивната сина боја е одличен избор ако сакате да ја истакнете кафеавата боја на своите очи. Ако вашите кафеави очи имаат на пример во себе зелен, сив или златен тоналитет, токму овие бои на сенки се совршени за вас.

 

 

А што кога носите очила?

Поситни очи

Верувале или не, кога носите очила за далеку и сакате очите да ви изгледаат помали, многу е важно да ги исцртате со потемни, придушени тонови (моливче, туш…). Но тоа не значи дека морате да користите само црни и сиви тонови. Исто така можете да пробате со темно сина, темно кафеава, темно зелена и темно виолетова кои можат да изгледаат убаво.

Еден слој маскара

Нанесете еден слој маскара бидејќи многу продолжени трепки можат да пречат додека носите очила. Одберете квалитетен производ кој ќе им даде волумен на трепките и ќе ги направи попривлечни.

 

Овие производи можете да ги надете во парфимериите на Anabella во Македонија.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот