Бојата на облеката влијае на расположението

0

Едно неодамнешно истражување на Универзитетот Колумбија покажало дека постои силна врска меѓу карактерните особини и бојата на облеката која ја избираме. Исто така, докажано е дека бојата на облеката има силно влијание на нашето расположение, но и на расположението на оние околу нас и на тоа каков впечаток ќе оставиме на нив.

Црна

30ce4a3d-694a-4ba5-b8b4-c104b4174f1a

Таа е свечена, сериозна, а во исто време значи и припадност кон разни музички и други друштвени групи. Сепак, експертите за бои  кажуваат дека луѓето кои на себе сакаат постојано да имаат облечено  црно, всушност им недостига фантазија, а по малку знаат да бидат и морбидни. Црната боја симболизира моќ, и авторитет, но добро е да се разбие монотонијата со некоја друга боја.

Бела

bf47d368-4c67-43d2-ae27-2b5a145833ca

Белата боја симболизира  чистота, младост и виталност, а оние кои носат облека со ваква боја, сакаат токму тоа да го истакнат. Зависно од материјалот, парчињата од свила или лен во бела боја може да дадат уште посилен или понежен ефект.

Сина

63ffc9d2-025c-4483-961f-b68a6fc9ec71

Истражувањата покажуваат дека сината боја е една од боите кои најмалку му пречат на човечкото око, па добро е да ја носите кога разговарате со други луѓе, односно кога знаеме дека таквата средба ќе потрае. Сината боја е симбол на стабилност и доверба, а тоа често се поврзува со мирот и спокојот.

Црвена

229e32f0fbb90f01477d002c12a88bf8

 

Црвената боја е многу енергична. Меѓутоа, внимателно,  не треба да ја облекувате во ситуации каде што е потребно атмосферата да биде мирна и стабилна. Од многу примери се покажало дека многу тешко би можеле да смирите бебе кое плаче доколку на себе имате црвена облека. Оние кои имаат многу црвена облека се страсни личности , подложни на опасности.

Зелена

9803be5c-d650-4c30-8cb0-5c020409cb68

Зелената боја ја сакаат активните личности кои имаат бујна фантазија. Зелената боја симболизира мир и утеха. Зависно од тоа која нијанса на зелена ја сакате, изборот на темните нијанси на зелена значат добро балансирана и доверлива личност, а светлите зелени нијанси ги избираат потемпераментни и повесели личности.

Кафена

Vestidos-2015-Contracted-Fashion-Summer-And-early-Autumn-Brown-With-Belt-Casual-Cotton-Women-Dress-Batwing

Оваа боја најчесто се поврзува со дрвото, односно со бојата на дрвото од кое се изработуваат најразлични предмети. Кога се работи за облека, обично се поврзува со личности од доверба и оние на кои може да им се верува. Сепак, кога  би се облекле од глава до пети во кафено, може да изгледаме досадно, затоа најдобра комбинација е кафена со зелена боја или со сина боја.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот