Бојата на облеката што ја носите го открива вашиот карактер

0

Научниците открија дека бојата на облека која ја носиме открива многу за нашиот карактер.

Црвена боја

Оние кои најчесто во своето секојдневие ја комбинираат црвената боја сакаат да го живеат живот во целост. Тие се одлучни, со силен карактер, но и страствени. Лесно ги надминуваат животните препреки и спремни се да испробуваат нови работи.
Луѓето кои најчесто се облекуваат во бело се организирани луѓе.

Бела боја

Белата боја се поврзува со свежина и чистота, па така и во живот на луѓето кои ја преферираат оваа боја се се наоѓа на свое место, со што ја покажуваат нивната желба за организираност. Исто така белата боја има смирувачки ефект.

Жолта боја

Жолтата боја покажува дека оние кои ја носат уживаат во учење на нови нешта, но исто така сакаат и да го споделат своето знаење со другите. Тоа се најчесто топли и енергични луѓе.

Сива боја

Сивата боја воопшто не е конзервативна, баш спротивно, кога е комбинирана со други бои таа може да биде и помалку провокативна, па ако се наоѓате на некоја забава и забележите дека луѓето гледаат во вас, тоа е така токму нејзинитот ефект.

Црна боја

Црната боја е синоним за луѓе кои се исполнети. Оваа боја е бојата на луксузот и елеганцијата. Луѓето кои се облечени потполно во црно сакаат да го истакнат својот авторитет.

Виолетова боја

Љубителите на виолетовата боја се начесто оние со уметничка душа, уникатни, но и разумни. Тие сакаат моќ и се поприлично амбициозни. Исто така за нив може да се каже дека најчесто се и непредвидливи.

Сина боја

Сината боја е боја на верност, мудрост, самодоверба и самоконтрола. Таа асоцира на длабочина и стабилност, па така луѓето кои најчесто ја носат оваа боја оставаат впечаток на сериозни луѓе.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.