Боја на коса која ќе биде апсолутен хит за 2018 година

0

Бојата на коса која се најавува како хит за 2018 година и го слави природниот изглед е „nude“ нијанса.

Кај овој тренд се се сведува на нагласување и разубавување на вашата природна боја која добива со додавање на потемни прамени или осветлување, без разлика на тоа дали сте русокоса или бринета.

Ако сте природна русокоса, тогаш можете да направите посветли и потемни прамени и на тој начин да додадете волумен на вашата коса, додека темната смеѓа коса одлично ќе ја освежите користејќи суптилна балајаж техника.

Доколку сте степенасто шишани, тогаш можете да ги осветлите само врвовите или само врвовите на поединечни прамени и на тој начин да си поиграте со текстурата на косата како и да додадете волумен со тоа што ќе нанесете темна нијанса на коренот која постепено бледее кон врвовите.

Ако вашиот фризер е упатен кон овој тренд, само речете му дека сакате да ја нагласите и освежите вашата природна нијанса, а секој вистиснски професионалец ќе знае што треба да направи.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.