Богатството од Азија – Нов мирис од колекцијата на Ananda

0

Како четврто издание на колекцијата Micallef на Ananda, Ananda Tchai ја комплетира оваа миризлива, скапоцена и софистицирана линија која ги открива сите аспекти на женственоста.

Ananda Tchai повикува на сензуално и романтично патување во срцето на азиската градина на имагинацијата. Овој волшебен “топло- ладен” флорален парфем е спакуван во карактеристично шише Ananda, во килибарни и бронзени тонови украсен со Сваровски кристали и златно капаче.

Мирис: Волшебено цветно-ориентален, топло-ладен мирис. Како нежна магла, магичната врвна мирисна нота пренесува свежина, која се преобразува во богат зачинет букет (зелен чај, хелиотроп, мускатно оревче, темјан, бибер, иланг-иланг и роза).
Базните ноти полека се развиваат за неколку часа кои оставаат дрвенест мирисен траг, со вкус на ванила и килибар, што го потпишува крајниот израз на овој брилијантен фасцинантен мирис.

Враќајќи се на препознатливото шише, дизајнот на прекрасната Ananda бара неверојатно трпение и вештина од страна на Martine Micallef и нејзиниот уметнички тим.

Секое рачно украсено шише е подложено на ригорозна контрола во текот на секоја фаза на создавањето. Таков е потписот на Микалефската работилница, основана во Грас: уметничко плодиште кое се стреми кон совршенство.
Како врвна софистицираност на овa оригинално богатство, кое совршено легнува на дланката, е спектакуларното капаче кое евоцира на егзотична архитектура и пркоси на гравитацијата.
Вистинско уметничко дело.

Ananda сага е направена од четири раскошни мириси. На санскрит, Ananda значи спокојство.
Фасцинирана од азиската филозофија и начин на живот, Martine Micallef (дизајнер и уметник) и Geoggrei Nejman (експерт за парфеми ), заедно со години, работеа за да ги развијат четирите мирисни композиции за оваа скапоцена и интензивна женствена колекција.

Овој парфем може да го најдете во парфимеријата Anabella во хотел Мериот.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.