Богатството низ очите на децата – поучна приказна

0

Децата некогаш знаат да бидат многу помудри и од возрасните и да го видат она што ние, големите нема да го перцепираме. Следнава приказна е доказ за тоа.

Еден татко го одвел својот син во блиското село за да сфати дека на светот има многу сиромашни луѓе. Неговата фамилија била многу богата и детето имало се што ќе поскало. Таткото и синот ги поминале денот и ноќта на една фарма на која живееле многу сиромашни луѓе. Кога се вратиле дома, таткото го запрашал синот:

„Како ти се допадна излетот?“

„Навистина беше добар“ – одговорил синот

„А дали виде како луѓето можат да бидат сиромашни“ – продолжил таткото

„Да“ – тивко одговорил синот

„И што научи од нашиот излет?“ – прашал таткото

„Видов дека ние имаме едно куче, тие четири. Ние имаме базен која се простира на половина од дворот, тие имаат река која нема крај. Ние имаме увозни светилки во дворот, тие имаат ѕвезди. Нашиот видик е до оградата, нивниот е огромен со сите тие планини и долини.“ – му одговорил синот

Кога синот ја завршил својата реченица, таткото останал без зборови. Синот, гледајќи го в очи, со насолзен поглед, само му рекол:

„Фала ти тато што ми покажа колку сме сиромашни.“

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар