BOBBI BROWN најавува пролет 2018 со ултра сјајна колекција

0

Bobbi Brown Cosmetics најавува пролет со Extra Glow колекција – „dream team“ од производи за нега и убавина кои создаваат свежа и блескава кожа.

Обезбедувајќи совршена мешавина за нега на кожата и совршен блескав изглед,
оваа брилијантна колекција започнува со високосјајниот Moisture Balm достапен и во нови нијанси, кој во комбинација со Extra Lip Tint и хајлајтер пудрата даваат здрав и свеж изглед на вашата кожа.

Колекцијата Extra Glow од BOBBI BROWN, за нега на кожата содржи практични производи кои може да ги носите секојдневно со вас, каде и да сте, а притоа и да го негувате изгледот и да ја одржувате блескавоста во текот на целиот ден.

Extra Illuminating Moisture Balm

Балм со осветлувачки бисерен сјај кој ја освежува кожата и ја хидратира. Веднаш по нанесувањето кожата добива свеж и здрав изглед.

Новиот високосјаен балм со иновативна амбалажа, доаѓа во три нијанси: Розов и бронзен сјај и инстантен сјај кој се прилагодува на вашиот тен на кожа.

 

3 начини за користење:

  • може да го користите во комбинација со вашата пудра
  • може да го користите како навлажнувач
  • може да го користите како хајлајтер за нагласување

 

 

Extra Lip Tint

Оваа сезона во тренд се класичните светло розови нијанси.

Балмот со висок сјај и нежна розе пигментација ги негува усните и им дава инстантен сјај.
Токму овој лесен и ултра-навлажнувачки балм ги содржи сите состојки кои претставуваат мелем за вашите усни, а со природниот тон создава екстра мек пролетен сјај во кој веднаш ќе се вљубите.

Limited Edition Highlighting Powder

Високосјајниот рефлектирачки хајлајтер, овозможува блескав cjaj кој го комплементира целосниот изглед.

Носи пролет на вашата кожа!

Лимитирана едиција на Extra Glow Skincare Palette

Практична палета за интензивна нега на кожата. Се состои од масло за лице со подобрена формула за екстра сјај на вашата кожа, овозможуајќи интензивна хидратација и нега, како и балм за заштита и регенерација на сувата и оштетена кожа, кој обезбедува прозрачна, блескава завршница.

Овие производи може да ги најдете во парфимеријата Anabella Skopje City Mall.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.