Bobbi Brown ја претставува новата Primer Plus колекција

0

Дали знаете за новиот најдобар пријател на пудрата?

Bobbi Brown ја претставува новата Primer Plus колекција, која што е идеално дополнување на омилената Skin Long Wear Weightless Foundation SPF 15.

Дизајнирана да ја подготви кожата на лицето, да ја направи мазна, тонирана и совршена, токму онаква каква што треба да биде пред да се нанесе основата за мејкап. Прајмерот е суштински во крајниот изглед која сака да го добие секоја жена.

Колекцијата ја сочинуваат Primer Plus Mattifier, Primer Plus Radiance SPF 35 и Primer Plus Protection SPF 50, како и финишот без кој не може – Primer Plus Hydrating 3-in-1 Setting Spray.

Primer Plus Mattifier

Совршена формула за постигнување на совршен изглед на кожата која видливо ги матира порите, го намалува вишокот на маснотија која се појавува на кожата, а притоа истата останува хидрирана и свежа. Сето ова е благодарение на составот кој го има, односно присуството на прашок за апсорпција на себумот, причина заради која се спречува растекување на пудрата или целосно сушење. The Moisture Gel Complex, во меѓувреме, ја задржува влагата на кожата и ја „чува“ на безбедно место.

Primer Plus Mattifier дозволува на кожата да дише, а нејзината текстура ја прави мека со мат финиш.

Primer Plus Radiance SPF 35

Ултимативниот Primer Plus Radiance SPF 35 создава сјај на кожата и ја прави свежа, светла со изедначен тон. Во својот состав има краставица, јаболко, екстракт од скутеларија, растение од семејството на нането, исто така содржи кофеин и сладунец. Одлична комбинација која создава заштитна обвивка на кожата.

Primer Plus Protection SPF 50

Чиста формула која брзо се апсорбира и помага да се изедначи текстурата на кожата додека се зацврстува заштитата од сонце. Има високо ниво на UVA и UVB филтери кои ја штитат кожата од оштетување на сонцето и помага во спречување на предвремено стареење. Кожата е хидрирана, тонирана и подготвена.

Primer Plus Hydrating 3-in-1 Setting Spray

Овој прајмер го дава финалниот изглед на совршена кожа. Со едно нанесување од спрејот кожата добива витамини и ботанички екстракти кои помагаат лицето да остане свежо и додека има шминка.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.