BLACK FRIDAY – КАКО ПАМЕТНО И МУДРО ДА СЕ ИСКОРИСТИ

0

Сите барем еднаш сме се нашле во огромните гужви за време на Black Friday, па еве еден краток водич што ќе ви помогне да ги избегнете грешките за време на примамливо ниските цени.

Редица од купувачи што се турка меѓу рафтовите е редовна појава за време на овие денови, а вистинска уметност е да го купите токму она што го сакате, без непотребни нервози и фрустрации.

Сепак, дел од потрошувачите за да ги избегнат гужвите и турканиците, се одлучуваат за купување преку интернет и го заменуваат чекањето во неподносливите редици со едноставно кликнување на веб-страната – спасоносно решение од турканици и врева!

Еве дополнително неколку кратки совети како паметно и мудро да го искористите Black Friday во Топ Шоп:

● Нарачајте ги уште веднаш производите што ги сакате! За време на ваквите акции сите производи на попуст се со ограничени количини, па зграпчете го производот додека е сеуште достапен!

● Паметен потег е и да се има Клуб 5 картичка, со која на секој нов или обновен член му се бројат нарачаните производи, каде по секој 10-ти производ се пресметува нивната вкупна вредност, па со нарачување на 11-тиот производ, на него добивате 10% попуст пресметан врз основа на вредноста на сите 10 претходно купени производи. Фантастично, нели?

● Попустите за време на Black Friday се до 70%. Соберете ги најмилите, разгледајте ги понудите и веднаш ставете ги во вашата кошничка сите производи што ги сакате. Погледнете ги добро и не пропуштајте ја приликата да ги имате омилените производи по фантастични цени!

Вака Black Friday ќе биде пријатно и забавно доживување, а вие од удобноста на вашиот дом ќе ги имате сите производи што ги сакате и што ќе ви донесат насмевка на лицето  Кликнете веднаш ТУКА!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.