Бизнис визионери кои го променија светот

0

Престижниот светски магазин „Бизнис инсајдер“ ја објави листата на 100-те најдобри бизнис визионери, кои не само што остварија профит, туку со своите идеи креираа нови вредности кои го променија светот и начинот на мислење и на функционирање. Капитализмот може и мора да биде сила која носи добро, па затоа и треба да се прослават лидерите кои го отелотворуваат духот на оваа девиза.

Бизнис инсајдер на својата листа стави компании од целиот свет, и приватни и државни, од различни индустрии, земајќи го предвид фактот не само зошто се создадени, туку и како. Многу од компаниите биле елиминирани поради нивниот однос кон вработените, а на листата се најдоа оние на кои благосостојбата на вработените им е приоритет.

Еден од критериумите бил не само големината на компанијта, туку и колку таа креирала драматичен или културен импакт привлекувајќи милиони клиенти дневно. Во продолжение ние издвоивме само неколкумина од листата, кои според нас, ја обележaa денешнината.

Џонах Перети (Jonah Peretti)

Коосновач и директор на Баз-Фид (BuzzFeed)

Познати по својата желба за секакви видови забавни слајд-шоуа, квизови, игри…., приказните и видеата на Баз-Фид неверојатно брзо достигнаа популарност на интернет. Бројките зборуваат сами за себе. Секој месец, оваа веб страница генерира повеќе од 7 милијарди прегледи на содржината на сите свои платформи и носи преку 200 милиони нови посетители.

Документите, чија содржина протече во јавноста, покажуваат раст од околу 200% годишно, почнувајќи од 2013 година наваму.

Тоа е затоа што Баз-Фид знае што сакаат читателите – особено посакуваната милениумска генерација. Во 2014 тие почнаа да објавуваат соджини директно на социјалните мрежи, прилагодувајќи ги на секоја платформа и тоа проработе. Оваа веб страница заработи повеќе од интернет сообраќај повеќе отколку „Вашингтон пост“, иако мнозинството содржини се појавуваа некаде на друго место.

Тори Брч (Tory Burch)

Коосновач и директорна на „Тори Брч“

Дури и оние кои не ја знаат Тори Брч по име, сигурно го препознаваат нејзиното лого, добро познато меѓу модно освестените жени. Оваа дизајнерка почна со нејзиниот епски “прифатлив луксуз” бренд во 2004 година, надвор од нејзината кујна, со позајмени пари и изгради, подигна и прошири бизнис вреден 3 милијарди долари, со повеќе од 160 продавници ширум светот. Правната битка со нејзиниот сопруг заврши со тоа што тој беше принуден да и ги продаде своите 28.3% во компанијата во 2013 година, што ја претвори Брч во самостојна милијардерка.

Иако е позната најмногу по своите иконични чевли, брендот Брч вклучува чанти, облека и накит. Но, брендот продолжува да се шири. Минатата година, во партнерство со ФитБит, Тори креираше линија на спортска колекција. Но, таа не запира тука. Таа се надева дека и другите жени ќе можат да си ги остварат своите соништа, заради што и ја формираше во 2009 година фондацијата Тори Брч, која им помага на жените претприемачи во наоѓање ресурси да ја подигнат својата фирма, да најдат ментори и сл.

Даниел Ек и Мартин Лорензон (Daniel Ek and Martin Lorentzon)

Коосновачи и директори на „Спотифај“ (Spotify)

Како што технологијата се шири и експандира во секој дел од нашите животи, и другите индустрии мораат да се адаптираат без исклучок.

Наместо да прелистуваат низ папаките со ЦД-а, музичките фанови сега можат да го прелистуваат Спотифај, он-лајн сервис кој има над 30 милиони песни на едно место, со само еден клик, и е достапен во 59 земји.

Даниел и Мартин го основаа сервисот во 2006 година и почнаа да го полнат со музика. Концептот беше веднаш прифатен и Спотифај почнаа да го препознаваат како како лидер во пакувањето на музичкиот стриминг, носејќи нови песни за слушателите и помагајќи им на пејачите да ја споделуваат својата музика.

Спотифај во 2015 година заработи над 15 милиони долари само од своите услуги. Иако се уште не е профитабилен, неговата вредноста е оценета на 8,5 милијарди долари.

Ивен Шпигел и Боби Марфи (Evan Spiegel and Bobby Murphy)

Коосновачи и директори на Снепчет (Snapchat)

Ивен Шпигел и Боби Марфи се браќа од исто универзитетско братство, пред да станат бизнис партнери. Ова дуо, заедно со третиот коосновач кој потоа ја напуштил компанијата, почнаа со апликација за самоуништување на пораки-слики кои ја поделија со своите пријатели во 2011 година, додека студираа на Универзитетот Стенфорд. Но, откако забележа скок во превземањата на апликација, Шпигел ги напушти студиите за да му се посвети целосно на Снепчет.

Во следните 5 години, овој сервис стана една од најбро растечките социјални мрежи — 100 милиони луѓе ја користат секој ден. Од првите 30 вработени, Снепчет сега брои повеќе од 330. И покрај двоумењата на експертите за тоа дали компанијата може да носи приофит, тие станаа пионери во правењето пари со тоа што вклучија филтри, геофилтри и спонзорирани текстови како форми на реклама и заработија над 300 милиони долари во 2016 година.

Хауард Шулц (Howard Schultz)

Директор на ланецот кафеа Старбакс (Starbucks)

За последните речиси три децении, Хауард Шулц беше главната сила зад најпопуларниот ланец на кафеа на планетата. Тој е динамичен модел на прогресивен директор кој ги следи социјалните случувања и се грижи за здравјето на вработените пред интересот за профитот.

Шулц многу инвестира во благостостојбата и личниот успех на преку 300.000 вработени кои ги нарекува партнери. Старбакс е една од првите американски компании кои плаќаат целосно здравствено осигурување на вработните кои работат и половина и цело работно време.

Тој смета дека мотото на Старбакс „да ја користиме нашата големина за добро“ мора да биде модел за сите глобални корпорации. Неодамна тие ја лансираа програмата „Подели ја храната“ која им ги донира останатите оброци на народните кујни ширум САД. Овој ланец планира до 2021 година да донира над 50 милиони оброци.

Сето ова само го зголемува профитот на Старбакс, од 315 милиони на 945 милиони долари во изминатите две години. Минатата година, профитот достигна дури 2,8 милијарди долари.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.