Битолскиот Интимен Театар со нова претстава

0

Младинската сцена при независниот театар „Интимен Театар“- Битола, во петок премиерно ќе ја изведе претставата „Слугинки“.

Претставата е работена по текстови на од Жан Жене, Ева Енслер и документарни материјали. Режијата е на Димитар Шутевски, а во претставата играат Ана Жежовска, Симона Овезовска и Симеона Павловска.

Слугинки е претстава која што ќе зборува за бунтот и крикот на младата генерација која се соочува со низа на проблеми и конфликти меѓу луѓето во време кога светскиот капитал е репер за моќ и по инерција сме принудени да бидеме секогаш подготвени за компромис.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот