Бисерот на Сирија, Палмира

0

Древниот сириски град Палмира издржал повеќе од 2000 години на секакви временски услови, војни за територии и освојувања, додека не падна во рацете на Исламска држава која ги уништи храмовите и статуите во Палмира. Како еден од локалитетите под заштита на УНЕСКО, претставува богатство не само за Сирија, туку и за целиот свет.

Името на градот за првпат се споменува на една глинена плоча која датира од 19 век пне. Палмира е опишана како место на кое застанувале и одмарале сите трговци на Патот на свилата.

palmira (5)

Две илјади години подоцна, кога е освоена од Римското Царство таа станува Палмира која ја знаевме до пред некое време, богата и препознатлива во целиот свет. Иако опкружена со пустина, Палмира се развила во луксузен град низ кој поминувале скапи зачини, егзотични парфеми, свила, статуи и стаклени предмети од сите делови на светот. Во 129 година, римскиот императир Хадријан ја прогласил Палмира за слободен град во царството на Римјаните и започнала градбата на храмови.

palmira (1)

Пред граѓанската војна во Сирија, околу 150000 туристи ја посетуваа Палмира годишно, восхитувајќи се на нејзините храмови, античкиот театар, илјадниците столбови од римско време и непроценливите статуи.

palmira (2) palmira (3)

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот