Бисер

0

Пронајди школка, пронајди бисер.
Различни големини,
но не сите школки со бисер,
среќен си ако воопшто го пронајдеш.
Пронајди ја онаа вистинската,
крем, црвена, кафена, бела, или црна.
Каква школка таков бисер…
Нурни во длабочините на душата,
ќе најдеш школка со кремов бисер,
си пронашол личност
со многу среќа и внатрешен мир,
која е трпелива и разбирлива.
Нурни во длабочините на душата,
ќе најдеш школка со црвен бисер,
си пронашол личност
со многу љубов во себе и романса,
која секогаш ќе ти даде спокој, љубов
и чувство дека си во седма димензија.
Нурни во длабочината на душата
ќе најдеш школка со кафен бисер,
си пронашол личност
која секогаш ќе се грижи и те заштитува,
ќе и бидеш приоритет пред сопствениот приоритет.
Нурни во длабочината на душата
ќе најдеш школка со бел бисер,
си пронашол личност
со позитивна енергија
која и во најтешките мигови,
ќе се труди да ти даде утеха и позитивен светла насока.
Нурни во длабочината на душата
ќе најдеш школка со црн бисер,
си пронашол личност
со самодоверба и моќ
која секогаш ќе знае да ти ја каже вистината и
цврсто ќе те држи за рака.
Каква боја на школка, таков бисер,
каков бисер, таква личност.
Каков бисер ти е потребен тебе?
Што ќе ги има сите бои?
Тоа е совршен бисер
со неодредена боја,
сплот од сите карактери
на кој школката може да му биде и најгрда,
ама сепак совршен,
за разлика од најубавата школка,
која на лик е совршена и најубава,
а сепак во неа да нема никаков бисер.

Автор: Бранкица Б. Анѓелевска.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот