Бикови – Тврдоглави и избувливи, но сепак неодоливи

0

Времето на сите родени во знакот Бик започна, личности познати по својата тврдоглавост, одлучност и специфичност.

Да, навистина се тврдоглави, но понекогаш тоа не е толку лошо. Тврдоглавоста е одлика и на нивната постојаност на карактерот, особина која е корисна кога треба да се донесат важни одлуки за животот.

Ги бие глас дека се материјалисти и тоа често погрешно се толкува. Тие обожаваат да се разгалат себеси, како и личностите кои им се мили. Сакаат да поседуваат луксузни нешта и предмети привлечни на изглед. Биковите исто така многу се приврзуваат за одредени предмети кои кријат приказна значајна за нивниот живот, дури и ако тој предмет е бизарен и непривлечен на око.

Биковите иако се стабилни, понекогаш имаат емотивни испади. Не се случува често, но кога ќе се случи, тогаш настанува вистински хаос. Имаат тенденција премногу да трпат и да собираат прашина под тепихот, но кога ќе пукнат (а никогаш не се знае која е нивната граница), тоа е проследено со емотивна експлозија и по малку драма.

Нивен најголем квалитет е лојалноста, без разлика дали се работи за пријателство, љубовна врска или едноставно маркет во кој постојано пазарат. За Бикот е вообичаено да има еден омилен ресторан/кафуле во кој постојано навраќа или еден омилен фризерски салон кој постојано го посетува.

Важен им е квалитетот пред квантитетот, затоа тие имаат мал круг на пријатели иако се многу комуникативни и дружељубиви. Не сакаат да го трошат своето време на површни нешта и нивните односи се одликуваат со квалитет и стабилност.

Иако на прв поглед не делува така, Биковите сакаат да ја имаат контролата. Кога ќе се посветат на нешто (без разлика дали е работа, хоби), тие даваат повеќе од максимум, но не се флексибилни во конкретниот момент. Не можат да го поделат своето внимание, па поради тоа не се способни за квалитетен мултитаскинг. Сепак, знаат дека кога нешто ќе започнат, истото ќе го завршат на беспрекорен начин.

Оставаат впечаток на конфликтни личности, иако тие всушност се обидуваат да ги избегнат конфликтните ситуации. Таа претпоставка произлегува од нивната тврдоглава природа, Биковите сакаат нештата да бидат направени онака како што тие сметаат дека е правилно.

Прилагодливи се, но само доколку го сакаат тоа. Не можете да натерате еден Бик да направи нешто што не сака да го направи во моментот.

Биковите носат во себе неодолива старомодност и комплексна комбинација од сила и чувствителност. Сепак, тие ни најмалку не се комплицирани личности. Нивните потреби се многу едноставни, тие сакаат стабилност, лојалност и луѓе кои не се плашат од искреност и чисти емоции.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот