Бикот казнува со игнорирање, а лавот секогаш има оправдување за себе – какви се знаците во љубовта

0

Сигурно во текстот ќе препознаете ваш поранешен или сегашен партнер, а во најмала рака ќе се препознаете себе си. Секој хороскопски знак има свои карактеристики по кои е познат, а во љубовта дел од нив повеќе или помалку доминираат. Прочитајте какви се хороскопските знаци кога се во врска.

Овен:Љубомората ги полудува

Ако сте во врска со припадник на овој знак, тогаш ве очекуваат проблеми бидејќи тие обожаваат да ги создаваат таму каде што ги нема. Љубомората знаат да ја покажат и пред други луѓе правејќи сцена. Вешти се во пасивна агресија, така што ако нешто не и ме по волја очекувајте неволја.

Бикот казнува со игнорирање

Како и кај овенот, припадниците на овој знак во љубовта мислат дека некој друг или нешто друго постојано им пречи во врската. Го мачат партнерот со игнорирање и глумат дека сè е во ред. На крајот од секоја расправија, бикот мора да биде во право.

На близнаците никогаш не им е доста

Превртливите по карактер припадници на овој знак, во љубовните врски многу повеќе се концентрираат на себе отколку на партнерот, а очекуваат тој да се труди многу повеќе околу нив. Интересно е што намерно предизвикуваат љубомора.

Раковите лесно ќе се навредуват

Најлоша карактеристика кај раковите е што можат да се навредат што и да кажете. Зависни се од мислењето на околината, а во лутина стануваат бесчувствителни и осветнички настроени. За прошка очекуваат долго да ги молите.

Лавот секогаш има оправдување за себе

Припадниците на овој знак ја насетуваат слабоста кај партнерот и секогаш кога ќе се почувствуваат загрозени, ја префрлаат вината на него. Стануваат ужасно напорни ако не им се посветува доволно внимание колку што тие сметаат дека заслужуваат.

Очекувањата на девиците немаат крај

Секогаш се подготвени за критика, припадниците на овој знак кон никој друг не се толку лоши како кон партнерот. Како во сè, така и во љубовта се перфекционисти, сè мора да биде како што замислиле, а ако не е така, лути се со денови. Склони се кон проверување на партнерот што често ги прави посесивни.

Вагите паметат долго

Со нив партнерот тешко може да знае на што е, бидејќи и најмалата ситница може да им го промени ставот и расположението. Имаат цел сет правила како треба да се однесува нивниот партнер.

Скорпиите се склони на флерт

Припадниците на овој знак сакаат да флертуваат. Способни се да манипулираат и лажат за да ја постигнат целта, а ако им стапнете на нога,  напаѓаат по вашата самодоверба. Иако не сакаат сцени во јавноста, ако ги посрамите пред друштвото тоа тешко ќе ви го простат.

Стрелецот има изразен егоизам

Иако ќе се заколнат на вечна љубов и преданост, припадниците на овој знак секогаш ќе гледаат да направат така како што ним им одговара и ќе ја свртат ситуацијата во нивна корист. Ако погрешите, очекувајте да ви се прават паметни.

Јарецот е критичар без влакна на јазикот

Како и девицата, така и јарецот има големи очекувања од партнерот. Можат да мислат едно, зборуваат друго и вас ништо да не ви биде јасно. Во состојба се многу добро да ги скријат емоциите и да инсистираат на тоа дека проблемот не е во нив.

Водолиите се повлекуваат кога ќе посакаат

Припадниците на овој воден знак се толку  горди на својата индивидуалност што партнерот го доведуваат во ситуација да се чувствува како да не е сакан доволно. Сакаат да тераат инает и да глумат инает, само за да го добијат тоа што го сакаат. Ако се повредени тоа нема да го признаат, но ќе вратат дупло.

Рибите се склони кон обвинување

Како што се свесни дека во љубовта даваат многу, толку поголем им е нивниот страв дека нема да им биде возвратено. Постојано ја тестираат љубовта на партнерот, а знаат да бидат љубоморни и без причина. Сепак, тоа ретко ќе го признаат , а многу уверливо го тераат партнерот да се чувстува виновно преку солзи.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.