Бикот и сексот

0

Мажот бик се смета за еден од најсензуалните и најромантичните хороскопски знаци во зодијакот, кој со сигурност ќе се погрижи да излезете од неговите прегратки максимално задоволени. Тој преферира нежен и спор сексуален однос и сака долго да се бакнува. Тој е неодолив, но исто така треба многу да се помачите за да го одведете во кревет. Доколку сакате да заведете маж во овој знак со цел да поминете само една вечер со него или да влезете во отворена врска базирана само на секс, нема да успеете. Мажот бик не преферира секс без љубов и према врските пристапува со голема посветеност и лојалност.

Идеална секс позиција за него е старата, но добра мисионерска поза во која тој би ја водел играта. Слично како жената бик, така и мажот едноставно го обожува контактот со очи и на тој начин најмногу се поврзува со партнерката.

 

Бик е хороскопски знак воден од Венус, планета на женската сексуалност или подобро кажано сензуалност. Жената бик сака да биде згрижена, како од себе си така и од партнерот. Очекува да биде бакната и сакана на секој возможен начин. Во спалната соба таа заведува и е страствена. Сексот за оваа жена е физичко искуство преплавено со многу допири и емоции. Таа нема лесно да ве пушти во нејзиниот кревет доколку не чувствува поврзаност со вас, односно таа сексот го поврзува со романтични чувства.

Идеална секс позиција за жената бик е модерната варијација на мисионерската поза, со нејзините нозе кренати на вашите рамена со која покрај максимално задоволство се добива и близок контакт очи во очи и се задоволува нејзината потреба за блискост.

 

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.