Бидете тука за својата пријателка кога нејзиниот живот е никаков, а вашиот одличен

0

Вашиот живот е идеален – штотуку ве унапредија на работа, се преселивте во стан од соништата и имате момче заради кое ви летаат пеперутки во стомакот секој пат кога ќе го видите.

Ама, работите не се толку розови за вашата најдобра пријателка. Таа штотуку дозна дека момчето со коешто беше во врска седум години ја изневери… со блиска пријателка. Нејзиниот живот полека се распаѓа, затоа што ја изгуби и работата… А тоа значи дека нема да може да ја плаќа и киријата за станот. Нејзиниот живот е далеку од идеален.

Добро, можеби нештата не се толку драматични, ама сите сме поминале низ тешки ситуации во животот. И сме поминале низ оној лош период кога ништо не ни оди од рака. Затоа, најважно од сè е да бидете тука за пријателите и да им нагласите дека тоа низ што минуваат не е толку страшно како што им се чини  на прв поглед.

washing-women

Што велат психолозите на оваа тема?

Првиот и најважен совет е да бидете емпатични. Иако мислите дека не можете да сочувствувате со некого ако не сте се нашле во таква ситуација, не значи дека сте во право. Секој може да е сочувствителен со луѓето што му се најблиски, само ако се замисли во таква ситуација. Како би се чувствувале вие ако партнерот ве изневери? Тоа е доволно да знаете како да поразговарате со пријателката и да ја посоветувате.

Поставувајте прашања

Важно е да се запрашате што би ви требало вам и што би сакале да направат вашите пријатели ако се најдете во нивната положба. Ама, како да знаете што им треба на вашите пријатели? Едноставно е – поставувајте прашања. Прашајте ги што сакаат. Прашајте што им треба. Прашајте ги како се и како можете да им помогнете. Потоа слушајте ги, ама вистински слушајте ги нивните одговори.

Не го споредувајте нивниот живот со вашиот

Ова е најлошиот дел – вашиот живот е фантастичен, нејзиниот не е. Ама, вие сакате да зборувате за тоа. Можеби не сакате да зборувате за вашиот идеален живот, можеби не сакате ни да ѝ го „фрлате“ тоа в лице, ама вашата позитивна енергија лесно ќе се префрли и на неа, само ако сте доволно упорна. Потсетете ја колку бевте вие тажна кога таа имаше убав период и колку нејзината среќа делувала позитивно на вас. Гледате? Животот може да биде убав и кога не е.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

 

Остави коментар