Бидете со некој што е еднакво чуден и неподнослив како и вие

0

Да се биде во врска со чудна личност не е лоша работа. Всушност, тоа е многу, многу убава работа.

Да бидеме искрени – и вие сте чудни, на некој свој, единствен начин.

Танцувате во долна облека додека пеете, држејќи дезодоранс во улога на микрофон. Сакате да зборувате со различен тон на секои две секунди (како на пример, бебешки глас).

Зборувате многу гласно во ресторани баш во моментите кога настапува длабока тишина. Носите различни чорапи. Сакате да правите гримаси. Се сопнувате и паѓате. Често.

Сакате да јадете крофна или Сникерс со нож и вилушка. И не ви е важно кога плачете на некоја серија, песна или книга.

Сите ние сме чудни на некој свој начин и правиме нешта надвор од ”нормалното”. Наместо да ги криеме тие наши чудни склоности и откачена страна од карактерот, време е да се прифатиме себеси.

Наместо да излезете на состанок со личност што ги контролира своите чудни навики и да се однесува ”опуштено”, како да владее со себе, излезете со личност што е еднакво чудна, луда и откачена.

Со личност која го потопува прстот во чаша со врел чај, за да провери дали е изладен. Личност која не живее по пропишаните опшествени стандарди.

Личност која е чудна и неподнослива исто како и вие.

Токму тие личности кријат совршена убавина во себе. Чиста и спонтана душа.
Бидете во врска со некој кој ќе се натпреварува со вас, кој ќе направи погрда гримаса. Со некој кој не се срами да викне на сиот глас само од забава. Со некој кој има свој танц поради кој сите присутни го гледаат како да е лудак.

Бидете во врска со некој кој ќе ве смее, од срце, искрено. Со кој без причина ќе влезете во автомобил и ќе се возите со часови наоколу, пеејќи погласно од гласната музика. Со некој што ќе ви се придружи додека танцувате качени на маса. Бидете со некој што нема да дозволи да се изгуби себеси и што ќе ве сака поради тоа што сте – чудна и откачена.

Наместо да одберете партнер што се обликува според туѓите стандарди, одберете го оној кој вистински живее.

Токму тој никогаш нема да ве осуди и нема да ви каже како треба да се однесувате. Тој едноставно, само ќе ве сака.

И тоа е се што ви е потребно.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.