Бидете физички активни

0

Стануваш наутро се чувствуваш поспано, уморно без желба за денот. Кафето не секогаш помага, тешко е да се почне денот со насмевка ако нема волја за истиот. Како да си помогнете? Стручните лица велат дека најдобар начин е да вежбате. Постои дилема за тоа кога е подобро да бидете физички активен, дали рано наутро или навечер. Тоа зависи од човекот.

sleepy-morning

На пример Andrew Grace, маратонец од Лондон вели дека најчесто трча наутро заради големиот број обрврски кои ги има во текот на работниот ден. Нема време за себе ниту за блиските оти мора да заработува за живот. Но секогаш кога може да излезе од работа порано е среќен бидејќи трча полесно и побрзо кога нема професионални грижи кои го оптопваруваат. Најважно од се е дека е посветен на хобито кое го исполнува , што е уште поважно здравиот начин на живот.

676034_beskucnik-bodibilder-02-foto-prinskrin_f

Еден уште еден пример кој инспирира: Педесетгодишниот Jacqes Sayagh од Франција секој ден вежба по неколку часа бидејќи сака да изгледа одлично. Разликата меѓу него и останатите ентузијасти е тоа што Jacques живее на улица.

  • Вежбав сам во својата соба, тренирав карате, дигав тегови, тренирав џудо, бев вистински ателетичар. Морам да имам јако тело бидејќи живеам на улица. Ако не бев способен да се одбранам можеби досега ќе бев мртов – вели тој.

Овој човек кажува дека се чувствува многу убаво за своите години кога ќе се види во огледало како изгледа. Останатите луѓе со кои ја „дели“ улицата му се воодушевуваат додека вежба , случајни минувачи застануваат да го гледаат, а тој вели дека на сето тоа се навикнал бидејќи е секојдневие.

Не постои вистинска причина зошто луѓето не се физички активни. Рано наутро или доцна навечер, дома или во фитнес сала, на пилатес, аеробик или зумба – апсолутно неважно. Изговори секогаш ќе постојат, како и вишокот килограми и нездравиот пристап кон животот. Станете на десна нога, истегнете се и почнете да се грижите за себе.

Остави коментар