Бидете дел од глобалната куповна заедница – Lyoness

0

Во денешно време кога имаме постојан наплив  на информации, треба да знаеме како да ги одделиме тиe кои навистина ни се потребни од останатите. Денес  имаме одлична можност да бидеме дел од  една глобална куповна заедница – Lyoness. Дејствува во сите сектори и им нуди на нејзините потрошувачи бесплатни и необврзувачки предности при пазарувањето. Lyoness исто така им нуди на трговците од областа на продажбата и услугите Лојална Програма за потрошувачи. Членовите на куповната заедница (Shopping Community) при секое купување кај Трговските Партнери на Lyoness добиваат предности при пазарувањето како „Cashback“ и „Shopping Points“, со цел да ги искористат истите за други купувања или да добијат корисни попусти.

Првотото прашање кое сигурно ви доаѓа на ум е: Како да се регистрирате?

Постојат неколку начини да станете член на Lyoness:

  • Регистрирајте се онлајн бесплатно

Потребно е да се пополни формуларот за регистрација и да се потврдат внесените податоци. Потоа, очекувајте e-mail за активација, чекор со кој асе завршува регистрацијата. Веднаш потоа, вашата дигитална Cashback картичка ви е на располагање на профилот кој го имате на lyoness.mk. Уште една предност е што картичката можете да ја отпечатите или  да ја користите на вашиот Smart телефон кога и да посакате.

  • Искористете ја можноста да се регистрирате при Вашето прво купување направено кај Трговски Партнер на Lyoness (МСП) и добијте ја Вашата Lyoness Cashback картичка веднаш.

mk

При првото купување имате можност да се регистрирате кај Трговски Партнер на Lyoness кој поседува мобилен терминал за регистрација. Можете да погледнете кои трговци нудат таква можност преку можноста за Пребарување и да го употребите филтерот за пребарување „Card Pick up“. Регистрацијата кај Трговскиот Партнер на Lyoness одзема неколку секунди и освен пластичната Cashback картичка добивате и дигитална Cashback картичка кој може да се најде на вашиот профил на Lyoness.mk.

  • Регистрирајте се преку веќе постоечки член на Lyoness (Препорачател) онлајн или преку Пријателски Флаер (Сподели Со Пријател).

Ако имате пријатели кои сакаат да профитираат при пазарувањето, тогаш можете онлајн да им ја препорачате Куповната заедница бесплатно! Тие ќе добијат покана за Lyoness преку електронска пошта и на тој начин ќе можат да ја завршат регистрацијата.

Што се однесува пак до опцијата ФЛАЕР, искористете ја можноста преку Пријателски Флаер. Се што треба да направите е да го пополните флаерот заедно или да го оставите на вашиот пријател да го пополни сам и да ви го врати назад. Потоа, вие проследете го Пријателскиот Флаер до Lyoness Member Service или самостојно завршете ја регистрацијата онлајн, со користење на бар кодот кој се наоѓа на флаерот. Кога членовите се регистрирани преку флаер, веднаш ја добиваат пластичната Cashback картичка.

Но, треба да знаете дека без разлика за кој начин за регистрација и да се одлучите, истата секогаш ќе биде бесплатна., а вие ќе имате пристап до предностите кои ги нуди Lyoness.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.