Би живееле ли во куќата на Оливија Поуп?

0

Актерката Кери Вашингтон, или ако повеќе сакате Оливија Поуп, ги отвори вратите на новинарите и им го покажа својот дом вреден 2.6 милиони долари. Куќата има гостинска куќа, терен за кошарка, одаи за личниот возач на актерката и нејзиниот сопруг, Намди Асомуген.

Куќата која актерката и рагбистот ја купија во 2010 година е изградена во француски стил. Помеѓу романтичната архитектура и прекрасниот поглед кој се пружа, не е тешко да се сфати зошто го одбраа ова место за свој дом.

За разлика од Оливија Поуп, жената која обожава бело и ликот по кој е глобално позната, дневната соба на Кери опфаќа шарени килими во впечатливи бои, шарени перничиња на фотелјите и креветите, но и по некоја играчка за нејзините две деца.

 

Кујната е опремена со сè потребно за да се подготви совршен оброк, дали за семејството, дали за бројните гости. Распоредот на елементите е одличен, белата боја на елементите се вклопува со елементите од сив мермер. Дополнително, кујната е светла заради големите прозорци од кои се гледа задниот двор и прекрасата природа во Калифорнија.

 

Драматичните спирални скали кои водат до вториот кат на куќата одлично се вклопуваат во целиот ентериер. Поставени се до дневната соба, а под нив, како во секој идеален дом, се наоѓа затворен плакар за чевли.

Во куќата има четири спални соби со четири купатила и едно мало гостинско купатило на приземјето. Сите спални соби се широки, со многу прозорци од кои во просторијата влегува природна светлина. И сите соби имаат прекрасен поглед кон планината пред нив.

И во бањите доминираат сивата и белата боја, а елементите се складни. Бањата е уредена во минималистички стил, но подготвена да ги задоволи сите потреби на оние кои живеат во куќата.

Да се биде Оливија Поуп има свои предности, нели?

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот