Би се откажале ли од селфито?

0

Селфи(именка) – фотографија што некој ја направил од самиот себеси, обично со смартфон или веб-камера, и ја закачил на некој социјален медиум.

Според технолошката дефиниција, вашето селфи мора да биде јавно споделено на социјалните мрежи и тука лежи цел проблем кој настана со трендот на правење селфи фотки.

7687988f-ddf3-4b5b-9a53-441e3831ce93

Секако, неколку селфи во текот на една календарска година нема да наштетат никому и би биле совршени доколку на вашето селфи во позадина има некој важен историски споменик, неверојатна градба, живописна природа или НЛО. Но, зошто се потребни сите тие стотици селфи фотографии во автомобилот, со истакнати усни во тоалетот додека десетици други трпеливо чекаат ред…

Една неодамнешна американска студија објавена во The Journal of Cyberpsychology, Behavior, and Social Networking, покажува дека лицата кои прават барем едно селфи во текот на денот патат од недостаток на внимание. Личностите кои се зависни од селфито, почесто влегуваат во конфликти и побрзо ги раскинуваат љубовните врски.

0efec2b0-8e86-4c1c-b099-0d572bb79ef5

Но, оваа студија потврдува дека не само љубовните, туку и сите останати социјални конекции се доведени во опасност доколку сте преокупирани со тоа како изгледате на вашите селфи фотки. Таквите личности се опседнати со својот изглед, но длабоко во себе се страшно несигурни и токму затоа влегуваат во конфликт кога некој барем малку ќе ги искритикува за нешто. Личностите зависни од селфи фотографии најчесто се грижат за амбалажата, но не и содржината на нештата. Исто така, американските психолози потврдија дека ваквите личности имаат и до седумдесет проценти поголеми шанси да заболат од депресија за разлика од оние кои не се грижат како изгледаат и речиси и да не ја користат камерата на телефонот.

Размислете дали за вниманието на воајерите по социјалните медиуми ќе ги уништувате врските со вашите сакани?

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.