Би сакале да знаете кој го чува вашето дете, нели?

0

Кај родителите секогаш е проблем кога треба да се чува детето во вонредни услови, ако на пример е болно и не може да оди во градинка, ако мајката не може до крај да го отседи породилното отсуство заради работни обврски, ако во моментот не го примаат во градинка бидејќи нема место и ред други причини кои ги загрижуваат родителите. Во Македонија се уште бебиситер системот не е толку развиен, барем не на професионално ниво, секако секоја чест на исклучоците кои го работат тоа.

Замислете колку би било едноставно доколку знаете дека во секое време можете да имате достапен бебиситер на кој можете да му верувате. На запад ова одамна функционира и тоа е одлична опција за сите родители.

Велат дека се е во идејата и иновацијата и не грешат. Во Хрватска е отворена агенција која посредува меѓу родителите и бебсиситерите. Тука нема ништо чудно. Многу агенции го прават тоа со години наназад. Но, тоа што е новитет  е дека целата работа е пренесена он-лајн.

Што прават тие? Им отвораат профили на регистрираните бебиситери така што родителите имаат пристап до нив во секое време.Тие можат да изберат каква личност ќе го чува нивното дете.

Станува збор за едуцирани и дипломирани педагози кои поминуваат неколку тестирања пред да бидат вработени.

Предноста е што секој родител знае на кого го остава детето.

Замислете колку би било поедноставно да имаме и ние ваква опција, наместо да бараме помош од баби, тетки и пријатели чие време исто така го окупираме со нашите семејни обврски.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот