Безвременски, шармантен и заводлив – црвениот кармин

0

Стави црвен кармин и излези од дома да го освоиш светот!“

Жените од античка Месопотамија биле првите жени кои го откриле и користеле црвениот кармин. Тие гмечеле полускапоцен накит и го употребувале за да ги декорираат нивните усни. Клеопатра го имала нејзиниот кармин направен од згмечени обоени бубачки, кои даваа длабок црвен пигмент. Кармини со светкави ефекти биле правени од супстанци кои биле најдени во рибни крлушки наречени pearlescence.

Како и денес, така и низ историјата секогаш бил актуелен црвениот кармин, затоа без резерва е носител на епитетот „безвременски“.

Во Англија црвениот кармин се здобил со популарност во 16-от век, за време на владеењето на кралицата Елизабета 1, која имала светло црвени усни и популарно грубо бело лице. Во тоа време карминот се состоел од спој од пчелин восок и боја од растенја. Црвениот кармин во светот пак добива на значење во 19 век, кога познатата актерка Сара Бернар, од своите усни не ја симнувала црвената боја. За време на раниот 20-ти век, карминот се појави во ограничен број на нијанси. За време на 19-от и 20-от век најпопуларна била темноцрвената нијанса. Помодарките од 1920-тите носеа црвен кармин да ја симболизираат нивната независност. Во раните 1930-ти, Елизабет Арден започна со претставување на различни бои на кармини. Таа инспирираше и некои други компании да создадат и други нијанси на кармини.

Но, и со појавата на другите нијанси на кармини, црвениот остана незаменлив.

Црвениот кармин е моќна алатка за да го привлечете вниманието. Да дадете впечаток на силна и самоуверена жена. Невербално да вриснете колку многу сте храбра. Насмевката, врамена во силно црвена боја ќе зборува за вашиот шарм. Шармот на една жена е најважната работа на цел свет.

Многу шминкери ширум светот за црвениот кармин ќе кажат дека е како мини здолниште – или изгледа многу добро или многу лошо. Кога го носите, секогаш мора да се однесувате како дама.

9c224d94-8200-4dae-84a9-603913521ad1

Жените со црвен кармин на усните се баш жени, баш дами во секоја смисла, а не разгалени и незрели девојки. Жена со црвен кармин ја слави безверменската нота на постоењето, го разигрува сивилото на твојот ден, верува дека добрите манири и љубезноста можат да го променат светот на подобро.

Жените со црвен кармин не се недопирливи, колку и да изгледаат така. Тие се жени со големо срце, жени кои веруваат дека една мала работа како што е карминот може да промени многу нешта. Тие се жени кои знаат што сакаат. Шармантни, моќни, храбри, насмеани… И не за џабе акцентот на нивниот изглед го ставаат на нивните усни, секогаш имаат одговор на секое прашање и убав збор за секого.

7d60b6f7-c546-43ec-a5cb-98309ec6600e f2e52995-4593-4944-9741-61cf811a1bd0

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.