Бесплатна апликација открива колку шеќер содржат производите

0

Родителите во Велика Британија отсега имаат достапна бесплатна апликација која им кажува колку шеќер содржат храната и пијалоците што ги конзумираат нивните деца.
Оваа апликација е направена од Јавното здравство во Англија, а работи преку скенирање на баркодовите на продктот и го открива точното количество на шеќер во грамови.
Овластените се надеваат дека на овој начин ќе помогнат во борбата против кариесот, прекумерната телесна тежина и дијабетес тип 2, како и да ги охрабрат семејствата да одберат поздрави алтернативи.

Јавното здравство во Англија вели дека децата конзумираат три пати повеќе шеќер од горната граница.

Во новата кампања Chnage4Life advertising campaign на здравството, која ја вклучува апликацијата за шеќер, се претпоставува дека децата на просечна возраст меѓу 4 и 10 години конзумираат 22 килограми шеќер на годишно ниво.
Тоа е речиси 5.500 шеќерни коцки, повеќе од просечната тежина на едно 5-годишно дете.
Оваа апликацијата била развиена со цел да се подигне свест за количината на шеќер во храната и пијалоците што секојдневно се внесува во организмот.
Апликацијата функционира на повеќе од 75.000 производи и нуди брз водич за родителите низ потенцијалните набавки кои може да им наштетат на здравјето на децата.
dete


При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.