„Бернајс Пропаганда” со видеозапис за новиот сингл „Лажи ме, лажи ме”

0

По три лонгплеј-албуми, повеќе стотици концерти и турнеи, македонските инди-пост-панк активисти „Бернајс Пропаганда” (Bernays Propaganda) ја изненадија публиката претставувајќи го својот прв официјален видеозапис, изработен за синглот „Лажи ме, лажи ме”! Со овој сингл групата неодамна го најави својот нов албум „Политика”, кој ќе биде објавен на 14 март 2016 за словенечката етикета „Мунли рекордс” (Moonlee Records).

„Бернајс Пропаганда” се враќаат на концертните бини и тоа со неколку настапи во Македонија, Словенија и Хрватска, меѓу кои се и учеството на „МЕНТ” конференцијата и фестивал во Љубљана, како и двата настапи во скопскиот МКЦ кои ќе бидат концертна промоција на новиот албум. Веднаш пак по објавувањето на новиот албум „Политика”, групата заминува на целомесечна европска турнеја.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.