Бегајте, не е за вас!

0

Да се разбереме, ние жените знаеме да биде напорни во врска, но од друга страна можеме да толерираме и многу лоши карактеристики кај партнерот. Од незапознавање со пријатели до заборавање родендени, се има поминато. Е сега, што не треба да толерирате во врска?

Немојте никако да дозволите да се однесува лошо пред пријателите или уште пострашно пред роднините. Зарем не сте заслужиле почит?! Бегајте, не е за вас!

Редовно се навраќа и ги “воскренува” грешките од минатото кои вие сте ги направиле, а притоа заборава на сопствените. Бегајте, не е за вас!

Имате ваква ситуација – вие си доаѓате дома, среќни дека завршил денот, го барате на телефон, а него не му ни гајле како ви поминал денот. А може и да ви задреме ако почнете да му раскажувате. Бегајте, не е за вас!

Критика, критика, критика…аууу зарем не е доста. Ви треба некој да се чувствувате сигурно покрај него, а не кршливо. Бегајте, не е за вас!

Не сака да ве слуша,нема интерес, сексот ви ок, ама не е доволно тоа.  Бегајте, не е за вас!

Доволно причини за да не си го трошите времето на неважни луѓе.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот