Beer jога – нов начин на практикување јога

0

Има ли нешто подобро од студено пиво? Дури и кога температурата надвор е во минус, некои луѓе не се откажуваат од својот омилен пијалак.

А ако тоа го спојат со вежбањето, тогаш се добива совршена комбинација. Една таква комбинацијаод неодамна е хит во светот – beer јога.

Овој начин на вежбање и уживање потекнува од Берлин, а полека се проширува во светот. Луѓето коишто стојат зад ова „движење“ велат дека и пивото и јогата се терапии за телото и за умот кои се стари со векови и дека нивниот спој е најдоброто нешто што му се случило на светот во последните години.

Основачите додаваат дека овој начин на вежбање не е шега, напротив, тие многу сериозно ги сфаќаат филозофиите на јогата, а потоа ги спојуваат со задоволството да се пие пиво. Крајниот резултат, според нив, е највисоко ниво на отворање на умот.

Доказ дека Beer јогата е вистински тренд кој се шири се и јога сесиите кои се одржаа минатиот викенд во Сиднеј, а на кои присуствуваа неколку стотина луѓе.

Како изгледаше тоа – погледнете го видеото. Можеби токму по ова beer јога ќе стане вашиот омилен начин на вежбање.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот