“Бавно умира тој што е претворен во роб на своите навики“- Пабло Неруда

0

Великанот на светската поезија секогаш наоѓал зборови да нè восхити, да нè занеми…

“Бавно умирање“ е една од неговите најубави поеми.

Бавно умира тој што не патува,
тој што не чита,
тој што не слуша музика,
тој што не наоѓа задоволство во себе.

Бавно умира тој што ја уништува сопствената љубов,
тој што не прифаќа помош.

Бавно умира тој што е претворен во роб на своите навики,
кој си поставува исти ограничувања секој ден,
кој не ја менува рутината,
кој не се осмелува да облече нова боја,
и не зборува со луѓето што не ги знае.

Бавно умира тој што бега од страста и своите емоции
од оние што им даваат сјај на очите и на напуштените срца.

Бавно умира тој што не го менува животот!

Затоа, сменете нешто уште денес, направете нешто поинакво, направете нешто за себе.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.