Барбери мантилот низ најпознатите филмски сцени

0

Холивуд е заљубен во познатиот мантил од брендот на Барбери.
Ниту едно парче облека не доминирало толку на големото платно како што е случајот со овој познат мантил.

Почнувајќи од улогите на детективи, па се до романтичните сцени снимени на дожд, ова парче облека е универзално уште од златнато доба на кинематографијата.
12-burberry-coats-in-movies

Познатиот бренд Барбери, тивко ги лансираше познатите кроеви и изгледи на мантилот за време на лондонските модни ревии, кои подоцна станаа препознатлив печат на познати сцени од светот на филмот.
08-burberry-coats-in-movies

Со своите чисти линии, суптилниот крој, и моментот на „тоа одговара со се“, мантилот на Барбери е еден од ретките производи- односно парче од гардеробата што одговара на секоја ситуација и временски период, притоа без разлика дали треба да го носи женски или машки актер.
Може ли да замислите поинаков крој на мантил што во исто време може одлично да и прилега на Кери Бредшоу и Џејмс Бонд?
15-burberry-coats-in-movies

Мантилот може да асоцира на „изгубено богатсво- сиромаштија“ како во филмот со Кејт Бланшет „Blue Jasmine“, или може да биде костим како што Мерлин Монро го носи во „Let’s Make Love“, или изглед за акција во суровиот свет на филмот „Le Samourai“ со актерот Алаин Делон.
10-burberry-coats-in-movies

Мантилот на Барбери е магичен поради тоа што за секој изглед може да создаде вистински моден ефект или онаков каков што е потребен во дадениот момент.
05-burberry-coats-in-movies

Брендот Барбери постојано го надградува овој изглед на матилот и неговиот класичен крој со класичните и познати материјали и бои. Редизајнот на мантилот е вистински хит во модниот свет.
Тоа овозможува да имате класично и модерно парче во секое време.

01-burberry-coats-in-movies
Без разлика дали ќе се одлучите за класичниот изглед со крем нијанса, или пак лакираните мантили од пред некоја сезона што брендот ги претстави, со овој матил секогаш ќе изгледате модерно.

11-burberry-coats-in-movies
02-burberry-coats-in-movies
03-burberry-coats-in-movies
06-burberry-coats-in-movies
07-burberry-coats-in-movies
09-burberry-coats-in-movies

13-burberry-coats-in-movies
04-burberry-coats-in-movies

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.