Балерините откриваат на што се должи нивната совршена линија на телото

0

Многумина од нас веруваат дека цврстото и тонирано тело е синоним за здравје и убавина.

Но, за професионалните балерини виткото тело е најважниот фактор за успешна кариера и останување на сцена. Токму затоа, слободно можеме да кажеме дека балерините се експерти кога во прашање се здравиот начин на исхрана и физичката активност.

Ви ги откриваме тајните на балерините за витка става и начинот на кој можете да ги примените и вие.

Внимавајте каква храна внесувате

Најнапред, намалете ја количината на храна која ја внесувате. Три оброци на ден и овошје се сосема доволни. Не смеете да си дозволите од еден до друг оброк да грицкате чипс или да изедете цело чоколадо. Потрудете се од исхраната да ја исфрлете солта и шеќерот и внесете повеќе овошје и зеленчук во вашето дневно мени.

Храната треба да биде извор на енергија

Балерините често јадат бадеми, маслинки, авокадо и лешници бидејќи според нутриционистите овие намирници се клучни за да имате што повеќе енергија.

Водете дневник за вашиот начин на исхрана

Водете дневник за храната која ја консумирате. Ако таму запишете дека сте изеле брза храна или крофни, следен пат ќе се запрашате дали ќе консумирате доколку тоа треба да го признаете на вашиот дневник.

Истегнете се!

Во текот на денот, често тегнете ги нозете и рацете. Ова не значи дека треба во секое време да правите шпага или мост, доволно е добро да ги истегнете нозете додека гледате телевизија или читате книга.

Скокајте со јаже!

Скокајте со јаже секој ден по три минути. Со оваа вежба вие влијаете на целата телесна мускулатура и согорувате многу повеќе калории отколку со пешачење или аеробик.

Пијте многу вода!

Од големо значење е да пиете што повеќе вода за вашиот организам да може да работи нормално. Доколку заборавате на неа, ставете шишиња со вода насекаде околу вас, и во домот и на работното место.

Најдете начин да се мотивирате.

Мотивирајте се постојано да бидете активни. Ветете си самите на себе дека за секој изеден ред чоколадо ќе останете уште пет минути подолго во теретана или инвестирајте во квалитетни и фенси патики кои со задоволство ќе ги покажувате во теретана.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар