BAFTA 2018 – комплетна листа на добитници

0
фото: getty images

Британската академија за филмски и телевизиски уметности (The British Academy of Film and Television Arts – BAFTA) секоја година доделува награди за филмови, телевизијата и интерактивни медиуми.  BAFTA е основана на 16 април 1947 год, како „Британска филмска академија“ од славни филмски уметници, меѓу кои Дејвид Линч, Карол Рид и Чарлс Лафтон. Нејзината цел била да се зајакне филмската индустрија која ослабнала после Втората светска војна. Во 1958, академијата се спојува со организацијата „The Guild of Television Producers and Directors“ за конечно да стане BAFTA во 1976 година.

Вчера вечер во Лондон се одржа 71-вото издание на BAFTA наградите.

Настанот беше во знакот на поддршка на протестот Time’s Up, иницијативата против борба за сексуално насилство во Холивуд, причина заради која сите присутни гости беа облечени во црно.

Исклучок направи војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон која заради нејзиниот кралски статус, не смее да се приклучи кон целата иницијатива.

Листа на добитници:

За најдобар британски филм наградата замина кај Three Billboards Outside Ebbing, Missouri.

Ѕвезда во подем, изгласана од публиката –  Daniel Kaluuya

Најдобра оригинална песна – The Shape of Water

Најдобра шминка и фризура – The Darkest Hour

Најдобра костимографија –  Phantom Thread

Најдобар анимиран филм –  Coco

Надобра монтажа –  Baby Driver

Најдобар документарец –  I Am Not Your Negro

Најдобар филмски придонес  на британско тло – National Film and Television School

Најдобар краток анимиран филм – Poles Apart

Најдобар британски краток филм – Cowboy Dave

Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје – The Handmaiden

Најдобро адаптирано сценарио – Call Me by Your Name

Најдобра машка споредна улога – Sam Rockwell, Three Billboards Outside Ebbing, Missouri

Најдобар продукциски дизајн – The Shape of Water

Најдобри визуелни ефекти – Blade Runner 2049

Најдобро режисерско, продуцентско или сценариско британско деби – Rungano Nyoni (сценарист/режисер) и Emily Morgan за продуцент.

Најдобра актерка во споредна улога – Allison Janney, I, Tonya

Најдобар звук – Dunkirk

Најдобро оригинално сценарио – Three Billboards Outside Ebbing, Missouri

Најдобра кинематографија – Blade Runner 2049

Најдобар актер – Gary Oldman, Darkest Hour

Најдобра актерка – Frances McDormand, Three Billboards Outside Ebbing, Missouri

Најдобар режисер – Guillermo Del Toro, The Shape of Water

Најдобар филм – Three Billboards Outside Ebbing, Missouri

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.