Бабите биле во право: Промената на времето предизивикува болка во телото

0

Се повеќе луѓе реагираат на промена на времето. Некои од нив тоа го манифестираат преку физички болки, кои најчесто се јавуваат во зглобовите. Сега е докажано дека промената на времето, односно дождот влијае на влошување на таа состојба.

Преелиминираните резултати на една нова студија докажуваат дека дождливото време го зголемува интензитетот на болката.

Во истражувањето учествувале 9000 луѓе кои патат од различни хронични болки: мигрена, болки во ‘рбетот, проблеми со грбот и друго, пренесува Independent.

Испитаниците имале задача на дневно ниво да внесуваат податоци во конкретна апликација за симптомите кои ги чувствуваат. Истата таа апликација, собира и податоци за времето.

Резултатите покажале дека кога било сончево времето, учесниците во истражувањето изјавиле дека болките им се намалиле. Но, кога било влажно и врнежливо, болките станувале чести и интензивни.

“Кај 80 проценти од пациентите е пронајдена врска помеѓу влажното време и зголемувањето на болката. Ова се важни податоци за понатамошното истражување” – изјавил авторот на студијата, професор Вил Диксон.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.