Азиски оброк за медал

0

Доколку сакате да испробувате рецепти од различни куни, тогаш овој мора да пробате да го направите.

Состојки

200 гр. басмати ориз

300 гр. јунешки рамстек

2 лажици густин (нишесте)

половина главица кромид

1 чешне лукче

една рака грашок

половина морков

перца од 2 млади кромидчиња

1 рака индиски ореви

1 јајце

1/4 дајкон

80 мл. вода

соја сос

Подготовка

Чекор 1: Во сад за варење ставете го оризот да се свари. Не го преварувајте, сварете го ал денте.

Чекор 2: Додека се приготвува оризот месото исечете го на тенки парчиња. Наросете го со густин колку да ја впие влагата. Тргнете го месото на страна.

Чекор 3: Исечете го кромидот и лукот ситно и нив тргнете ги на страна. Морковот исецкајте го на тенки ленти и перцата од кромид исецкајте ги. Дајконот исто така исецкајте го . Сите зеленчуци, вклучувајќи го и грашакот оставете ги на страна додека да дојдат на ред за подготовка. Индиските ореви исецкајте ги рустично.

Чекор 4: Процедете го оризот.

Чекор 5: Во Вок тавата додадете малку масло, зеленчуците и месото. По две минути додадете го и грашакот. Додадете ја водата и динстајте. Тргнете ги на страна и во тавата додадете го оризот и јајцето. Мешајте убаво, а потоа додадете ги месото и зеленчуците. Мешајте на јака температура 2 минути и оброкот е готов. Додадете малку перца од млад кромид и соја сос.

Чекор 6: Сервирајте!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот