Австралиските политичарки ќе смеат да дојат во текот на работното време

0

Во рамките на некогашните правила, австралиските пратенички досега смееле да ги донесат децата само во галеријата на главната зграда и во канцелариите на парламентарниот дом. Истото правило важело и за оние кои го доеле своите бебиња. Со новата одлука тие ќе смеат да дојат и на пратеничките клупи.

Претседателот на парламентарниот дом ја поздрави одлуката за промена на старото правило. Инаку доењето на пратеничките клупи е горлива тема во многу држави, а пратеничките кои ги носеа своите бебиња на работа, беа жестоко напаѓани заради тоа.

_88049478_7621ecfa-f351-4972-934d-31a3e06bb162

Со новиот правилник во Австралија, децата на пратениците повеќе нема да ги сметаат за посетители, што автоматски би значело дозволен престој во Долниот дом. Кристофер Пајн, претседателот на Парламентариот дом изјавил:

Ниту на машките, ниту на женските припадници на Парламенотот нема да им биде забрането да се грижат за своите деца додека се на работното место. Нема причина зошто да се држиме до некои застарени правила, заради кои на политичарките би им бил отежнат животот“.

Од 150 членови на австралискиот парламент, 40 се жени, а од март минатата година, три се мајки. Од мажите, четворица ќе станат татковци.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.