AVON True – нова козметичка линија која ги исполнува ветувањата

0

Балансирањето на успешна кариера, семејни обврски и дружби со пријателите може да претставува вистински предизвик, поради што Avon ја лансира True – нова линија производи која што на жените, и покрај недостатокот од слободно време, ќе им овозможи секогаш да изгледаат и да се чувствуваат одлично. Линијата True содржи сѐ што е потребно за да се постигне негуван и софистициран изглед што ќе трае во текот на целиот ден. Составот на производите True е проверен и овозможува квалитет на кој може да му се верува.

Новата линија е наменета за жените кои што сакаат да ја истакнат својата природна убавина и без многу труд да постигнат класичен изглед што секогаш ќе биде во тренд. Основата на елегантната и вонвременска шминка секако се негуваните усни во богати нијанси и долгите трепки, кои секоjа жена може лесно да ги добие со помош на новиот хранлив кармин од палетата True Colour Supreme, како и со маскарата True Colour Supreme Length. Маслото од јојоба, медот и восокот од пчела што кармините ги содржат обезбедуваат ефект 3 во 1 на усните – изедначена и богата боја, нега и длабинска хидратација која трае и до 24 часа. Благодарение на аргановото и кокосовото масло, како и на витаминот Е, по користењето на True Colour Supreme Length маскарата, трепките се нахранети, без грутки и размачкување.

Avon на жените им овозможува да бидат најдобрата верзија од себеси со помош на True производите, а меѓу нив се пудрите, коректорите, моливите за очи и нежните лакови за нокти, на кои што можат да се потпрат во секој миг. True означува искреност, а ова е линија производи што исполнува ветувања.

Истражувањето на пазарот со козметички производи, што во текот на 2016 година го спроведе Euromonitor International Limited, покажа дека Avon е бренд број 1 во категоријата производи за шминкање во Централна и Источна Европа. Како компанија што со децении ги охрабрува жените да ги остварат своите соништа и на приватен и на професионален план, Avon стреми кон постојани иновации кои што подобро ќе ги задоволат потребите на потрошувачите.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот