Аутомобили Гроуп e новиот овластен увозник на Jaguar & Land Rover за Македонија и Косово

0

Премиум автомобилските брендови Jaguar и Land Rover се враќаат на македонскиот пазар. Аутомобили Гроуп e новиот официјален импортер и дистрибутер на овие возила за регионот Македонија и Косово во соработка соWallis Automotive Europe.

„Нашето долгогодишно искуство во оваа индустрија ни дава за право да бидеме сигурни во успехот на Jaguar и Land Rover во Македонија и Косово: побрза испорака до крајните потрошувачи, подобра техничка поддршка, како и развивање на продажбата во овој сегмент на премиум автомобили за целосно задоволство на клиентите.

jlr-2

Истовремено би сакал да им се заблагодарам и на Wallis Automotive Europe, официјалниот застапник на возилата на Jaguar и Land Rover за Адриатик регионот, за искажаната довербаи соработката со нашата компанија.“- изјави генералниот директор на Аутомобили Гроуп г. Кочо Бураку, на денешната прес-конференција која се одржа во ресторан FOUR, Park Hotel & Spa.

Во моментот се подготвува новиот објект кој ќе опфаќа 680м2 и истиот ќе се состои од влезен простор, изложбен салон за Jaguar и за Land Rover,продажба и back office, простор за аксесоари, предавање на возила и прием на возила во сервис. Официјалното отворање на новиот салон ќе се случи во април 2017та година.

jlr
Како што и најавивме во изминатиот период, денес би сакал да го истакнам моето задоволство од договорената соработка со еден навистина сериозен партнер, компанијата Аутомобили Гроуп, која ќе биде новиот овластен дистрибутер и сервисер за Jaguarи Land Roverна територијата на Македонија и Косово. Како што веќе знаете британскиот производител на Jaguar и Land Rover ја одбра токму нашата компанија Wallis Аutomotive Europe, да ги претставува овие брендови во регионот Адриатик и тоа токму во овој возбудлив период кога и двете марки бележат фантастичен пораст. Jaguar – оваа година забележа пораст од 82% – и во моментов претставува најбрзорастечка автомобилска марка во Европа. Исто така до крајот на оваа финансиска година, Jaguar и Land Rover кој располагаат со најмладата гама, ќе комерцијализираат и три нови модели.“ – изјави генералниот директор на Wallis Automotive г. Ендру Прест.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот