AURA MUGLER – извор на љубов и емоции

0

Пролетта е време кога се будат емоциите, кога луѓето се чувствуваат живи и се подготвени повторно да се вљубат. Свежината која ја носи ова годишно време е незаменлива, а токму тоа е инспирација за нови мириси.

Ви го претставуваме AURA MUGLER, новиот мирис на MUGLER кој ја буди природата во сите нас, терајќи нè да се чувствуваме енергични и живи. Ја ослободува женственоста и личната аура.

Се чувствува ботаничката свежина и сензуалност, мирисот ослободува живописни ноти на личност која е пристапна и посакувана.

Парфемот AURA MUGLER е препознатлив по шишето кое го има универзалниот симбол на љубов – срцето кое што е извор на љубов и емоции. Оваа креација на MUGLER е украсена со препознатливото М на брендот кое веднаш се забележува.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот