Атлетико Мадрид и Манчестер Сити во четвртфиналето од ЛШ

0

Атлетико Мадрид и Манчестер Сити се пласираа во четврт финалето од Лигата на шампионите.

Мадриѓаните пројдоа во четврт финалето, благодарејќи на подоброто изведување на пенали од ПСВ, бидејќи како и во првиот натпревар, и реваншот заврши 0-0.
Нивниот двомеч влезе во историјата, бидејќи за првпат не е постигнат ниту еден гол за 180 минути игра.

Сите 14 изведувачи на пенали кои беа одбрани од селекторите да ги изведуваат пеналите беа прецизни од белата точка, додека не дојде ред да бие Лусиано Нарсинг од ПСВ. Тој ја погоди пречката а потоа Хуанфран беше прецизен и успеа да го одведе својот тим во четврт финалето, за ерупција од воодушевување на преполниот Висенте Калдерон. Со оваа победа, Атлетико втора година по ред успева да се пласира во четврт финалето од ЛШ на идентичен начин, откако претходната година на пенали го исфрли Баерн од Леверкузен.

атлетико

Во вториот двобој на вечерта, Сити и Динамо Киев одиграа без голови во Манчестер, а “Граѓаните“ за прв пат во својата клупска историја успеаа да пројдат помеѓу најдобрите осум во ова елитно натпреварување, благодарејќи на победата во Украина од 3-1.

Проблем за Мануел Пелегрини пред самиот крај на сезоната би можеле да бидат и новите повреди, бидејќи дефанзивците-капитенот Винсент Компани и неговиот партнер од задната линија Николас Отаменди, мораа да го напуштат теренот после 25 минути фудбал.

сити 2

Во четврт финалето веќе се пројдени Бенфика, Парис Сен Жермен, Реал Мадрид и Волфсбург. Вечерва Барселона го пречекува Арсенал кој ќе има тешка задача да надокнади 2 гола разлика, додека Баерн И Јувентус ќе се сретнат на Алијанц арена. Резултатот од првиот меч помеѓу овие два тима беше 2-2.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот