Астрономите ѕирнаа во најстуденото место во вселената

0

Во лабораторијата за реактивно движење на НАДСА, во Техничкиот универзитет на Чалмерса (Шведска) и во опсерваторијата ALMA (Atacama Large Millimeter Array, Чиле) детално го разгледаа најстуденото место во вселената.

Резултатите од набљудувањето беа објавени во научното списание The Astrophysical Journal. Астрономите ја изучија протопланетарната маглина Бумеранг, којашто беше формирана од голема црвена ѕвезда во згаснување која интензивно ја губеше материјата.

На почетокот, светлината била приближно 4 пати потешка од Сонцето, а материјата којашто од неа се распространувала била на растојание од околу 120.000 астрономски единици.

Во центарот на маглината се протега област со големина 1740 на 275 астрономски единици, и во неа, претпоставуваат научниците, постојат големи честички, (со дијаметар околу 1 мм) и со температа од 20–30 °К (Келвини), што одговара на минус 253–240 Целзиусови степени.

Новите податоци ги убедија астрономите во тоа дека маглината Бумеранг претставува најстуденото место во целата вселена. Таа се наоѓа на растојание од 5.000 светлосни години од Земјата, во соѕвездието Кенатур. Температурите внатре во маглината достигнуваат приближно минус 272 °C.

Гасната струјата која истекува од нејзината централна ѕвезда се движи со брзина од 600.000 км/час и бргу се раширува, и токму затоа маглината е толку студена.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.