Астон Мартин повторно освојува

0

Автомобилот познат и како омилениот автомобил на Џејмс Бонд, агентот со дозвола за убивање, Астон Мартин, повторно освојува. Овој пат станува збор за верзијата Vanquish S Volante, кој од неодамна може да се најде на пазарот.

Кабриолетот воодушевува со својот изглед, но ништо помалку импресивни не се ни неговите перформанси. Овој модел е базиран на неговиот претходник Aston Martin Vanquish S, но поседува V12 мотор со внатрешно согорување и развива 594 коњски сили.

Сите нови карактеристики на автомобилот (меѓу кои и новиот систем за издувни гасови со четири гранки и тунирани компоненти на суспензија, како и унапредените анти рол детали) придонесуваат за подобрено возачко искуство.

Но и изгледот е подобрен, делува поспортски и помажевно.

Сето ова влијае и на цената, па доколку имате 315.775 долари, овој автомобил може да биде ваш.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот